Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ: На 4 февруари „херојската гарда“ цел ден ќе биде на гробот на Делчев
Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, вели дека во пресрет на одбележувањето на 4 февруари – роденденот на македонскиот херој Гоце Делчев, раководството на Институтот ќе организира „ херојска гарда“, која цел ден ќе остане на гробот на револуционерот.
По денешната седница на Централниот комитет на Патриотскиот институт, Пандови ги повика сите граѓани и почитувачи на делото на Делчев да дојдат да го почестат големиот херој.
Ги осудуваме шовинизмот и негирачките политики кои доаѓаат од Бугарија и кои дополнително се поттикнати од некои поединци во бугарската политика. Второ, отворено ја повикуваме Владата да реагира со повеќе енергија во однос на политиката на негирање и да преземе соодветни мерки кои ќе гарантираат почитување на нашиот идентитет и особености. За секое негирање на постоењето на македонскиот народ и неговите карактеристики треба да има нота на протест и реакција од македонските институции. Државата постои за народот, а не народот за државата“, изјави Александар Пандов, раководител на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.