„Патување низ времето“: Авионот полетал во 2024 година, но слетал во 2023 година.

Патниците на летот NH106 полетале во 2024 година и слетале во 2023 година.

Стануваше збор за авионот кој вчера полета од Токио за Лос Анџелес. Со оглед на големата временска разлика меѓу овие два града, патниците на летот имаа можност да ја дочекаат Новата година во Токио, а потоа да се вратат на старата и повторно да го дочекаат први јануари на друг континент.

Летот од Токио тргна на полноќ во понеделник, 1 јануари 2024 година, а всушност заврши еден ден порано, во недела, 31 декември 2023 година околу 17:00 часот во Лос Анџелес.

„Патувањето низ времето е можно. Патниците на летот #NH106 полетаа од Токио во 2024 година и слетаа во Лос Анџелес веќе во 2023 година“, напиша Flightradar24.com.