Паф Деди осуден на 4 години затвор!

Шон Диди Комбс беше осуден на 50 месеци затвор откако во јули се изјасни за виновен по две обвиненија поврзани со проституција.

Пред изрекувањето на пресудата, Комбс им се извини на своите поранешни девојки, пријатели и семејство, нарекувајќи го своето однесување „одвратно, срамно и болно“. Тој рече дека неговите деца „заслужуваат подобро“ и призна дека ја изневерил мајка си како син.

За време на постапката за изрекување на пресудата, помошничката на американската обвинителка Кристи Славиќ му рече на судијата Арун Субраманијан дека „почитувањето на законот од страна на Комбс е само празни зборови“.

Славиќ додаде дека 55-годишниот Комбс веќе закажал говори за следната недела, како да очекува евентуално предвремено ослободување од затвор.

– Славиќ рече дека тоа е врвот на ароганцијата.

„Дури и сега, кога е осуден за две федерални кривични обвиненија, тој не разбира целосно како неговите постапки го доведоа тука“, заклучи таа, според Куриер.