Па дали е ова можно!? Алкараз добива договор вреден 190 милиони евра! Ова го имале само Федерер и Надал – младиот Шпанец трие раце (фото)

Карлос Алкараз го освои Ролан Гарос, неговиот трет Грен слем во кариерата. Стана најмладиот играч во историјата кој подигнал трофеи на три различни подлоги на четирите најголеми турнири во „белиот спорт“, а за сето тоа ќе добие награда од дури 190 милиони евра! Не се работи за наградниот фонд…

Станува збор за нов спонзорски договор со компанијата „Најк“. Сегашната му истекува во 2025 година и затоа многу брзо ќе ги стави иницијалите на продолжување на соработката на 10 години и за тоа ќе добие нереална сума од 190 милиони евра. Шпанскиот портал „Релево“ тврди дека тоа нема да биде единственото нешто што ќе го добие.

Карлос Алкараз

Според нивните информации, Алкараз ќе добие и свое лого, односно ќе се работи на создавање на неговиот бренд. На пример, во светот на тенисот тоа им успеа само на двајца тенисери, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Се разбира, станува збор за договорите што ги имаа со „Најк“ кои го креираа нивното специјално лого за нив.

Интересен е податокот дека логото „RF“, кое стана заштитен знак на Федерер, го доби Швајцарецот на 26 години, додека Рафа го доби логото на бикот на 27 години. Карлос ја доби истата чест само неколку недели откако го прослави својот 21 роденден.