Па не е до толку сиромав! Чарлс со скинати чорапи влезе во џамија (ФОТО)

Кралот Чарлс и неговата сопруга Камила оваа недела ја посетиле историската џамија во Лондон, а кралот доживеал мала непријатност во таа прилика.

Во согласност со правилата, Камила при влегувањето во џамијата ја покрила главата со шал. Чарлс ги соблекол чевлите при влегувањето во џамијата, а фотографите веднаш забележале дека има дупка на чорапот.

Фотографиите од неговите искинати чорапи веднаш се појавија на насловните страници на британските медиуми, а на многумина модниот гаф им е симпатичен со оглед на тоа што кралот е познат по тоа што рециклира облека.