Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во петок од 14 часот и 30 минути во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Јаник Синер.
Новак ја искористи тридневната пауза помеѓу четвртфиналето и полуфиналето за да се опушти што повеќе, па од Лондон пристигнува видео од неговите „лудори“ во автомобилот.
Во службениот автомобил на Вимблдон, Ѓоковиќ ги забавуваше патниците, но и оние кои се најдоа на патот, бидејќи го држеше микрофонот во раце и беше гласен.
Кога збунетиот возач го прашал дали игра тој ден, Ѓоковиќ одговорил со насмевка. „Очигледно не, бидејќи не би бил вака опуштен“!
За Јелена имаше и шеги, дека мора секојдневно да го „трпи“ Новак, а посебна приказна се реакциите на тимот на Новак кои се возеа со него.