Пежешкијан: „Иран е подготвен за војна со Израел, нема да ја суспендираме нуклеарната програма“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денес дека Иран е целосно подготвен за нов воен конфликт со Израел, предупредувајќи дека Техеран не полага многу надеж во трајноста на сегашното примирје.

Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, едно од неговите први откако заврши 12-дневната војна со Израел минатиот месец, Пезешкијан рече дека иранската војска е подготвена да одговори и може да нападне длабоко на израелска територија.

„Не сме многу оптимисти во врска со примирјето. Целосно сме подготвени за секој нов израелски воен потег, а нашите вооружени сили се подготвени повторно да удрат длабоко во Израел“, рече Пезешкијан.

Според него, и Иран и Израел зададоа „моќни удари“, но Израел ги крие вистинските загуби.

„Затоа се подготвивме за секое можно сценарио и за секој потенцијален одговор. Израел ни наштети, а ние нему му наштетивме. Тој ни зададе силни удари, а ние го погодивме силно во неговата длабочина, но тој ги крие своите загуби“, рече иранскиот претседател.

Тој додаде дека израелските напади, во кои беа убиени водечки воени личности и нуклеарни научници, а нуклеарните постројки беа оштетени, имале за цел „елиминирање“ на иранското раководство, „но воопшто не успеале“.

Пезешкијан рече дека Техеран е посветен на продолжување на својата нуклеарна програма за мирни цели, и покрај меѓународното противење, истакнувајќи дека развојот на нуклеарните капацитети ќе се спроведува „во рамките на меѓународното право“.

„Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран не треба да има нуклеарно оружје и ние го прифаќаме тоа бидејќи го отфрламе нуклеарното оружје и тоа е нашата политичка, верска, хуманитарна и стратешка позиција“, додаде тој.

Како што изјави тој, Техеран верува во дипломатијата, па затоа сите идни преговори мора да бидат во согласност со логиката во која сите победуваат.