Денешната средба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со рускиот претседател Владимир Путин во Русија е прашање на билатерални односи меѓу Северна Кореја и Русија, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг
Денешната средба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со рускиот претседател Владимир Путин во Русија е прашање на билатерални односи меѓу Северна Кореја и Русија, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
Таа наведе дека двете земји „ја продлабочуваат размената и соработката на различни полиња, промовирајќи поголем развој на билатералните односи“.
Кина, која дели 1.400 километри граница со Северна Кореја, е главниот политички и економски сојузник на Пјонгјанг.
На средбата во рускиот космодром Восточни, Ким и Путин се договорија за продлабочување на стратешката соработка помеѓу Пјонгјанг и Москва.