“ПЕКИНГ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ СИЛНИ ЧЕКОРИ!“ – Министерството за надворешни работи на Кина ја осуди посетата на потпретседателот на Тајван на САД
Министерството за надворешни работи на Кина ја осуди кратката посета на потпретседателот на Тајван, Вилијам Лаи, на САД, нарекувајќи го „сепаратист“ и „проблематична личност“.
Пекинг ќе преземе „силни чекори“ за да го заштити својот суверенитет, пренесуваат британските медиуми.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Кина се наведува дека тие се против секаква форма на посета на сепаратистите за независност на Тајван на САД.
„Кина внимателно го следи развојот на настаните и ќе преземе решителни и силни мерки за одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, се додава во соопштението.
Вилијам Лаи, кој важи за фаворит за следен претседател на Тајван на изборите во јануари, во текот на викендов пристигна во Њујорк во мини посета на Њујорк, на пат за Парагвај, каде што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на оваа земја.
Вилијам Лаи, на својот профил на платформата Х, напиша дека – „со нетрпение чека да се види со пријателите во Њујорк“