Пеколен февруари за Манчестер Сити! Гвардиола почна да го боли глава: Граѓаните имаат страшен распоред!
Фудбалерите на Манчестер Сити за влакно избегнаа елиминација од Лигата на шампионите, но не беа презадоволни од ждрепката во нокаут фазата.
Избраниците на Пеп Гвардиола во осминафиналето ќе играат против Реал Мадрид против кого во последните четири години играа осум пати.
„Ова веќе изгледа како дерби. Игравме против нив во секоја од последните четири години. Ќе биде тешко”, изјави Пеп Гвардиола денеска во најавата за дуелот против Арсенал.
Кризата во Сити е сè уште присутна до одреден степен иако минатиот викенд го победија Челзи и успеаја да направат пресврт против Клуб Бриж во клучниот натпревар за останување во елитното европско натпреварување.
Ги очекува пеколен февруари, кој секако ќе го дефинира нивниот иден тек на сезоната.
Во недела се соочуваат со Арсенал на „Емирати“, потоа ќе имаат шест дена одмор и меч против Лејтон Ориент во ФА Купот каде Пеп сигурно ќе ги одмори играчите за напорниот распоред што го имаат пред нив.
Три дена подоцна играат против Реал Мадрид на „Етихад“, а потоа повторно на истиот стадион го чекаат Њукасл, па патуваат за Мадрид. Тие ќе му гостуваат на Ливерпул на 23 февруари, а потоа ќе патуваат за Тотенхем на крајот на месецот пред репрезентативната пауза.