ПЕКОЛ НА ЗЕМЈАТА! ШТО ФРЛИЈА РУСИТЕ КАЈ КУПЈАНСК?! Монструозна експлозија во секунда го збриша целото упориште на украинските сили!
Ударот на руското високопрецизно оружје целосно го уништи утврдениот појас со припадниците на вооружените сили на Украина и резервите на муниција, пишуваат руските воени дописници.
Судејќи според снимката објавена од воените новинари, ударот со високопрецизно оружје најверојатно предизвикал значителни загуби на украинските сили.
На видеото , од неколку кадри се гледа силна експлозија, проследена со огромна колона чад.
Какво оружје е употребено и што точно е уништено од руските сили се уште не е точно познато, но поради огромната експлозија се шпекулира дека биле погодени големи залихи муниција.
Купјанск беше контролиран од руските сили од 27 февруари 2022 до 10 септември 2022 година. На 9 септември, украинските војници на полкот Кракен влегоа во предградијата на Купјанск за време на контраофанзивата во источна Украина и до следното утро повторно ја зазедоа зградата на градскиот совет. Борбите оштетија голем дел од центарот на градот. Подоцна истиот ден, украинските власти објавија дека Купјанск е ослободен.
Руските сили веќе неколку месеци спроведуваат офанзивни акции во правец на овој град.