Пелистер последен полуфиналист во кошаркарскиот плејоф

Екипата на Пелистер е последниот патник во полуфиналето од разигрувањето за титулата во македонското кошаркарска првенство.

Битолчани вчеравечер го победија Феникс со 81:56 во мајсторката, откако на претходните два дуела од серијата резултатот беше 1:1 во победи.

Во полуфиналето Пелистер ќе се соочи со ТФТ.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат „вечните“ ривали, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.