Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ настапува со силна националистичка реторика

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека не очекува меѓуетничка криза во земјава и покрај силната националистичка реторика за изборите на 8 мај.

„Не очекувам меѓуетничка криза, без разлика кој ќе биде на власт, но неспорно е дека главниот опозициски политички субјект ВМРО-ДПМНЕ кој ја поддржува госпоѓата настапува со силна националистичка реторика, а точно е дека на страната другиот има националистички провокации кои не би сакале да ги видиме по триесет години независна држава“, рече претседателот Стево Пендаровски во третата претседателска дебата во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал5“.

Според него, непринципиелно е да се издвојува општина во Скопје и да се каже дека има такво знаење, во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ е дел од техничката влада и има министер за внатрешни работи.

„Затоа што Тошковски не апсеше луѓе и не мислам дека ќе можете да направите некаков проблем во изборниот процес. МВР мора што поскоро да реагира и да ги казни оние кои предизвикуваат проблеми или се закануваат“, нагласи Пендаровски.