Пендаровски: ЕУ мора веднаш да дејствува, да го заврши историскиот проект за обединување на Европа

Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20-годишнината од форумот „Глобекс“, што се одржа во Прага, Чешка, под наслов „Управување со хаосот: Време е Европа да чекори напред“.

Од панелот „Западен Балкан на геополитичка раскрсница: Интеграција во ЕУ или зголемување на регионалните тензии“, Пендаровски рече дека стратешкото одложување на интеграцијата го изложува Западен Балкан на ризикот од неевропски и недемократски влијанија однадвор од регионот.

Пендаровски истакна дека ЕУ мора веднаш да дејствува и да го заврши историскиот проект за европско обединување.