Пендаровски: Уставниот суд поактивно да ги штити човековите права и слободи

Уставниот суд во иднина треба да биде поактивен како бранител на човековите права и слободи, порача претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на јавната расправа организирана од Уставниот суд.

Пендаровски рече дека Уставниот суд одиграл важна улога за време на пандемијата „КОВИД-19“ кога како општество и како држава се наоѓавме во многу сложена ситуација, пред се од здравствен и социо-економски аспект, но и за низа правни предизвици.

Пендаровски рече дека одлуките и образложението на Уставниот суд, за него како претседател на државата, биле многу важни при носењето на одлуките кои биле во негова надлежност за време на вонредната состојба.