Пензионерите на ОВАА ДРЖАВА се почесто се дрогираат, а имаат И ПРЕКАР!

Бројот на постари луѓе кои се лекуваат за злоупотреба на кокаин нагло се зголемил во Велика Британија во изминатата година.

Луѓето постари од 60 години, наречени „сребрени шмркачи“, биле примени во собата за итни случаи 540 пати.

Она што е уште поневеројатно се следните бројки. Имено, има 85 луѓе на возраст од 70 до 79 години, а 11 на возраст од 80 години.

Д-р Матин Дурани, клинички експерт во Британската група за третман на зависности, рече дека бројките сугерираат дека употребата на кокаин може да има штетно влијание врз корисниците од сите возрасти.

„Корисниците на кокаин во нивните 60-ти, 70-ти и 80-ти можеби нема да се навикнат на силата на дрогата што беше достапна на пазарот во последните неколку години. Ова доведе до поголеми проблеми директно поврзани со нивното целокупно ментално здравје“ , изјави тој.


Многумина од примените претрпеле предозирање или напади, како и бројни депресивни состојби.

Она што е уште поалармантно во однос на претходните податоци е фактот дека имало и два случаи на лекување на деца до девет години, кои најверојатно во своите домови пронашле кокаин и случајно го земале.

Британското Министерство за здравство забележало 12.082 приеми во периодот од 2022 до 2023 година, што е за 81 отсто повеќе од пред 10 години, кога биле регистрирани 6.680 случаи.

Зголемениот број на средовечни и пензионери кои користат кокаин е наречен „подемот на сребрените шмркања“.

Британија сега се смета за европска престолнина на кокаинот.