Пентагон, Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави, продолжува да ја користи руската нафта и покрај санкциите наметнати од Стејт департментот за црното злато од Русија по инвазијата на Украина која започна минатиот февруари!
Како што објави Вашингтон пост, нафтените продукти од забранетата руска нафта доаѓаат од главниот снабдувач на гориво на Пентагон – „Мотор оил Хелас“, рафинерија лоцирана во Егејското Море.
Оваа рафинерија добива нафта од руските пристаништа на Црното Море, и преку магацините лоцирани во Турција.
Грчката рафинерија на хартија како продавач го наведува турскиот терминал „Дортиол“, кој од воведувањето на санкциите кон Русија од оваа земја купил 2,7 милиони барели нафта, директно од „Роснефт“.
„Невозможно е да се одреди точниот процент на нафта што Пентагон ја користи од Русија бидејќи во рафинериите се користат различни процедури и други состојки“, пишува „Вашингтон пост“.