Периодот на ,,суша” на интимните односи има и корисни ефекти: Еве 4 причини зошто не е толку лошо ако сте паднале во апстиненција (фото)

Иако сексот го зајакнува срцето и го продолжува животот, и периодот без секс има свои придобивки, особено за психата. Дополнителното време е одлична можност да работите на себе и на вашата физичка форма.

1.ПОДОБРА ФОРМА, ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА

За време на сексот, жените можат да бидат крајно несигурни за своето тело, прашувајќи се дали се доволно добри или привлечни, што влијае на нивната самодоверба. Периодот без секс ги менува приоритетите, па вишокот време може да се потроши на вежбање и промена на исхраната. Подобрата форма сигурно ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе го подобри начинот на кој гледате на вашето тело.

2. МОЖНОСТ ДА ГО ИСТТАЖИТЕ ВАШЕТО ТЕЛО

Периодот без секс е одлична можност да го истражите сопственото тело. Најмногу од тоа можат да имаат корист оние кои никогаш не ја достигнале кулминацијата со партнерот, па сега можат да откријат што ги пали, што не и кои допири всушност им се допаѓаат.

3. НЕМА СТРАВ ОД БРЕМЕНОСТ

Животот во брак, и покрај неговите предности, може да биде многу заморен. Партнерите мора да се усогласат и да прават компромиси еден со друг, дури и кога е сексот во прашање, поради што кавгите се неизбежни. Без секс нема драма која многу ќе ги смири нервите, но и стравот од несакана бременост.

4. ПОВЕЌЕ ЌЕ ГО ЦЕНИТЕ СЕКСОТ

Периодот без секс ве учи повеќе да го цените сексот. Кога ќе заврши, тркалањето меѓу чаршафите ќе биде поинтензивно од кога било досега, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле од истражување на сопственото тело.