Перишиќ ,,му ја скрши кичмата” на стоперот од Тотенхем: Погледнете го фантастичниот потег на хрватскиот репрезентативец (ВИДЕО)
Во последниот натпревар од неделната програма од 34. коло на англискиот фудбалски шампионат, Ливерпул на „Енфилд“ го совлада Тотенхем со 4:3 (3:1), а асистент при првиот гол на гостите беше хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.
По само 15 минути Ливерпул имаше големи 3:0 со головите на Џонс, Дијаз и Салах и се чинеше дека дуелот е решен.
Сепак, во 40. минута Перишиќ ја прифати топката по левото крило, го издрибла Ван Дијк и потоа идеално му сервираше на Кејн (40), кој намали на 3:1.
Сон (77) го намали резултатот на 3:2, а Ричарлисон (90+3) погоди во мрежата за 3-3 среде судиското надополнување, а тоа изгледаше како голем пресврт за гостите.
Но, само една минута подоцна, Лукас Моура направи кардинална грешка, препуштајќи му ја топката на Диего Јота (90+4), а Португалецот потоа влезе во шеснаесетникот и погоди во спротивниот агол за конечни 4:3.
Перишиќ за Тотенхем играше до 90. минута.
Со оваа победа Ливерпул го прескокна Тотенхем во поредокот, сега е петти со 56 бодови, додека Тотенхем е шести со 54, исто толку колку и седмата Астон Вила.