Петгодишно девојче пронајдено мртво во кеса за ѓубре! Полицијата уапси тинејџерка – страшно злосторство го потресе градот
Безживотното тело на петгодишното девојче кое исчезна во Франција било пронајдено во вреќа за ѓубре, а за нејзиното убиство е обвинета тинејџерка (15).
Девојчето било пријавено за исчезнато од нејзината мајка во вторникот, откако исчезнала додека си играла пред нејзината куќа во Рамбервилерс, град со 5.000 жители.
Полицијата го пронашла петгодишното девојче мртво и голо во кеса за ѓубре во стан на само 200 метри од домот на нејзините родители.
Според германските медиуми, за нејзината смрт е обвинета 15-годишна девојка. Тинејџерката сама ја известила полицијата за смртта на девојчето, јавува RTL.DE.
Ова ужасно злосторство предизвика шок во малото гратче.
– ,,Она што штотуку се случи е драматично. Нема зборови, страшно е. Многу размислувам за семејството. Страшно е да се изгуби дете под такви околности” – изјави за весникот градоначалникот Жан-Пјер Мишел.