Поранешниот претседател на НСДП, Тито Петковски, го обвини поранешниот претседател Бранко Црвенквоски дека молчи за политичките случувања во земјава.
Мислам дека е неприфатлив молкот на Бранко Црвенковски. Ако ништо друго, имаме закон за претседателот со кој финансиски се издржува доживотно, има обезбедување секретарка“, изјави во „Слободен печат“ поранешниот политичар Тито Петковски.
Тој додаде дека Црвенковски веројатно се грижи само за себе, за семејството и за блиските пријатели.
„Тој има можност да седи и да пишува, да организира маси, да биде поканет на настани. Решил да се затвори дома и да трпи“, рече Петковски.