– Гласав за нормален европски живот, гласав да имаме нормална европска влада, нормални европски патишта, европско здравство, нормално европско образование. Гласав затоа што сфаќам дека нема спасител, се зависи од секој од нас, изјави Кирил Петков, копретседателот на „Промените продолжуваат“ и еден од лидерите во коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“.
Петков кажа и дека денеска гласал машински бидејќи не сака неговите две ќерки да одат да студираат во странство.
-Сакам мојата трета ќерка да се врати и да може да работи во Бугарија, сакам кога ќе ги видам моите пријатели во Варна да не патувам пет часа, туку да патувам три часа, сакам кога патуваме низ Европа да не се чувствувам како луѓе од втора категорија – да ни ги проверуваат документи на секоја станица, додаде поранешниот бугарски премиер