ПЕТКРАТЕН УБИЕЦ УАПСЕН ВО КОСОВО! Алил Демири кој уби 4 МОМЧИЊА И РИБАР осуден е на доживотен затвор!

Алил Демири, петкратниот убиец од Скопје, денеска е уапсен на Косово по потерница од Македонија! Во случајот „Монструм“ Демири е осуден на доживотен затвор за пет убиства извршени пред 11 години.

Демири, кој беше уапсен на Косово по потерница од Министерството за внатрешни работи на Македонија, е осуден на доживотен затвор како сторител на убиството на четири момчиња и рибар, што се случи на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро, во близина на Скопје.

Уапсен по потерница од Македонија

Приштинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Демири (38) е уапсен по потерница од Министерството за внатрешни работи на Македонија, по наредба на Основниот суд Скопје, за сторено кривично дело „тероризам“ од член 394 од Р. Кривичниот законик во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро. Според информациите добиени од косовската полиција, тој ќе биде изведен пред надлежниот судија, соопшти МВР на Косово.

Алил Демирај

Во случајот „Монструм“ на доживотен затвор беа осудени Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор, а Хаки Азири на девет години. Еден од петмината обвинети Сами Љута е ослободен од обвиненијата. Африм Исмаиловиќ се уште е во бегство.

Во делото извршено на Велики четврток 2012 година загинаа рибарот Борче Стевковски и четворица средношколци – Филип Славковски, Александар Начевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски.