Петра исчезнала пред 30 години, сите мислеле дека е мртва: Случајно дознале дека е жива, нејзината исповед е морничава
Студентката по компјутерски науки Петра П. исчезнала без трага во Брауншвајг во Долна Саксонија во 1984 година. Откако еден чирак кој учел столарија, за медиумско внимание изјавил дека ја убил, таа била прогласена за мртва, иако телото никогаш не било пронајдено.
Поминаа 31 година од нејзиното исчезнување кога Петра П. повикала полиција во 2015 година бидејќи некој упаднал во нејзиниот стан во Дизелдорф. Потоа во полиција признала која е.
Повеќе од три децении живееше под името Сузана Шнајдер. Од 2015 година таа не сака да зборува за причините за нејзиното исчезнување.
Тоа го направи дури на 16 март, во емисијата на RTL „Life – Menschen, Momente, Geschichten“, каде раскажа како била малтретирана како дете. Затоа сакаше да исчезне.
Таа и’ ги дала клучевите од станот на својата цимерка, од сметката подигнала 3.000 германски марки, спакувала неколку работи, отишла кај стоматолог, а потоа се упатила во непознатот правец.
– Сакав сè да оставам зад себе – рече таа.
Таа избрала ново име и живеела под тоа име 31 година, работела разни работи, секогаш ја плаќала киријата во готово, немала автомобил и никогаш не одела на одмор.
– Така останав незабележан сите тие години. Не знаев дека ме бара полицијата. Едноставно сакав да исчезнам незабележано од мојот минат живот – рекла таа.
Инспекторот кој го истражуваше случајот со Петра П. во емисијата на РТЛ изјави дека бил убеден дека Петра е убиена.
– До денес ми е тешко да разберам дека Петра ненадејно се појави пред мене во 2015 година. Тогаш бев полицаец 41 година и никогаш не сум слушнал за такво нешто. Сега не ми е тешко да разберам како терористите се кријат 30 години кога една обична жена успеала да го направи тоа – изјавил инспекторот.
Тој додаде дека при претресот пребарале сè.
– Ја пребаравме целата шума и возевме горе-долу по рутата за која мислевме дека може да биде пресудна за исчезнувањето. Крајот го свртевме наопаку. Нуркачите ја барале, но ништо не нашле. Не можам да разберам дека жена чија слика ја обиколила Германија успеала да го крие идентитетот три децении – изјави инспекторот.