Петровска: Нема ништо спорно за набавката на хеликоптери

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска уште еднаш повтори дека нема ништо спорно за набавката на хеликоптери за Армијата во вредност од 230 милиони евра, кои станаа предмет на Државната комисија за спречување на корупцијата. ДКСК оваа набавка ја стави „на преглед“, но Петровска од студиото на ТВ21 рече дека нема ништо спорно.

„Нема ништо спорно за оваа набавка, ДКСК има право да истражи доколку има сомнежи и да отвори случај. Постапката е спроведена согласно законот. Ги поздравувам напорите на Антикорупциската комисија и јас како министер и целото министерство целосно ќе соработуваме и ќе ги доставиме сите документи кои ќе помогнат во истрагата. Набавката е во согласност со Законот за набавки за безбедност на одбраната. Сите документи се одобрени, оваа набавка е предвидена во планот за набавки на Министерството за одбрана“, рече меѓу другото Петровска.

На прашањето дали е проблем тајмингот на набавката со оглед на тоа што е пред избори, Петровска.

„Оваа набавка беше претходно планирана да се случи во 2024 година. Сега доаѓаме до најважната точка зошто купуваме хеликоптери? Затоа што тоа е дел од процесот на модернизација“, рече Петровска.