Легендата на Челзи и Арсенал, Петр Чех, објави дека се разделил од сопругата Мартина по 26 години брак.
43-годишниот Чех ја сподели тажната вест на Инстаграм со емотивна објава, заедно со црно-бела фотографија од Мартина како го бакнува во образ.
„Мартина и јас со жалење објавуваме дека се разделуваме по 26 години заедно. Остануваме најдобри пријателки и исклучително горди на нашите две деца“, напиша Чех.
Петр и Мартина се заедно уште од тинејџерските години, а се венчаа во 2003 година. Заедно имаат две деца – ќерката Адела (17) и синот Дамијан (16), кои веќе ги следат фудбалските стапки на својот татко.
Адела Чехова е фудбалерка на Фулам и на чешката репрезентација до 17 години, додека Дамијан е голман на Фулам и веќе го имаше своето деби за чешката репрезентација до 18 години. Интересно е што Дамијан претходно беше член на младинскиот систем на Челзи, исто како и неговиот татко.
„Не ги терав моите деца да играат фудбал, но тие сепак го пронајдоа. Тие живеат со моето име и се мета на споредби уште од мали нозе“, изјави Чех претходно за чешките медиуми.
Да ве потсетиме дека Петр Чех остави неизбришлив белег во англискиот фудбал. Тој пристигна во Челзи во 2004 година од Рен во Франција и одигра речиси 500 натпревари за „сините“, со кои освои бројни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Ја заврши кариерата во Арсенал, каде што одигра 139 натпревари, носејќи ја препознатливата заштитна кацига по сериозната повреда на главата во 2006 година.
И покрај разводот, Чех и Мартина нагласуваат дека ќе останат блиски поради заедничката грижа за своите деца и долгогодишното пријателство што ги поврзува.