Пет знаци дека сте во одлична врска

Сите ние сонуваме за совршени врски, но понекогаш љубовта не е доволна. Постојат голем број фактори кои придонесуваат за среќна и здрава врска, вели психологот Џефри Бернштајн. Затоа, тој издвои пет знаци кои укажуваат на среќна и здрава врска.

  1. Комуникација: “Отворената и искрена комуникација е клучна за исполнета врска. Ако вие и вашиот партнер можете да ги изразите своите мисли, чувства и потреби без страв од осудување, тоа е позитивен знак”, изјави Бернштајн за Psychology Today.
  2. Почитување: Почитувањето е важно. „Ако двајцата партнери ги почитуваат границите, мислењата и индивидуалноста на едни со други, тоа придонесува за здрава и исполнета врска“, вели психологот.
  3. Заеднички вредности и цели: Заедничките вредности и заедничките цели помагаат да се создаде чувство на единство. Ако ние и нашиот партнер се усогласиме со основните аспекти на животот, тоа може да ја подобри нашата врска, тврди Бернштајн.
  4. Околина за поддршка: ,,Исполнетата врска обезбедува средина за поддршка. Ако вашиот партнер го поттикнува вашиот личен раст и стои покрај вас за време на предизвиците, ова е значаен знак за среќна и здрава врска”, истакнува психологот.
  5. Физичка интимност: Физичката интимност е важен аспект на многу романтични врски. „Доколку и двајцата партнери се задоволни со нивото на физичка интимност и се чувствуваат поврзани преку тоа, тоа придонесува за здрава врска“, заклучил Бернштајн.