Пет навики од исхраната кои го уништуваат вашето тело по 30-тата година: Коските и мускулите откажуваат, а една работа е најважна за срцето – внимавјате!

Дознајте од кои навики во исхраната мора да се откажете за да бидете здрави, енергични и фит и по 30-тата година од животот.

Според податоците на Националниот институт за здравје на САД, по 30-тата година од животот почнуваат да се случуваат одредени промени во телото. Коските стануваат помалку густи, мускулната маса почнува да се намалува, а количината на телесните масти се зголемува. Еве што можете да направите за да спречите негативни последици.

Постојат неколку навики во исхраната кои можат да го уништат вашето тело по 30-тата година од животот.

  1. Не добивате доволно калциум или витамин Д – бидејќи коските почнуваат да ја губат густината по 30-тата година, треба да дадете се од себе за да го контролирате овој процес. Ова ќе го направите така што ќе се погрижите да ги внесете овие хранливи материи во вашето тело преку храната. Во спротивно, постои зголемен ризик од фрактури и остеопороза.
  2. Недоволно внесување на храна која е добра за срцето и цревата – тоа се цели зрна, здрави масти, овошје, зеленчук, масни риби. Сето ова помага да го одржите вашето срце здраво. Исто така, влакната ќе имаат голема корист, не само за срцето, туку и за цревата.
  3. Конзумирате премногу додаден шеќер – оваа лоша навика предизвикува скок на шеќерот во крвта, што дополнително може да доведе до таложење на маснотии. Храната што треба да се избегнува вклучува бел леб, колачи направени со рафиниран шеќер и грицки купени во продавница, зашеќерени житарки итн.
  4. Пиете онолку алкохол колку што сте конзумирале кога сте имале 20 години – со прекумерно консумирање алкохол може да настанат метаболички нарушувања кои дополнително доведуваат до срцеви заболувања, зголемување на телесната тежина. Повеќе од четири пијалоци за жени и повеќе од пет за мажи во една недела се сметаат за претерани.
  5. Не добивате доволно протеини – ова е важно бидејќи протеините помагаат да се изгради мускулна маса. Не заборавајте да вклучите храна богата со протеини во вашето мени и направете го тоа за секој оброк