ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ УШТЕ НЕ ВЛЕГОА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – Во најавената офанзива ги очекува вистински пекол, а од едно нешто сите стравуваат
Израел се заканува дека ќе изврши копнена инвазија врз Појасот Газа повеќе од две недели.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, формираше воена канцеларија и повика стотици илјади резервисти да се приклучат во израелските одбранбени сили.
Тенковите и војниците стојат на граница и чекаат наредби. Очите на целиот свет се вперени во Израел и сите го чекаат неговиот следен потег. Но, инвазијата сè уште не започнала, а еве и пет причини зошто според Sky News:
1.) Лидерство – Политичките и безбедносните лидери кои донесуваат одлука за напад знаат дека можеби го пишуваат последното поглавје од нивниот јавен живот.
„Многумина носат одредена одговорност за безбедносните неуспеси кои делумно го овозможија смртоносниот напад на Хамас на 7. октомври и се свесни дека претстојат дополнителни истраги поврзани со овој конфликт“, велат експерти за Sky News.
2.) Заложници – Во Појасот Газа се уште има околу 220 заложници, кои милитантите веројатно ги кријат во мрежа од подземни тунели. Израелските власти ќе се обидат да спасат што е можно повеќе луѓе пред каква било офанзива.
3.) Опасност од „сигурна смрт“ за израелските војници – Поранешниот висок британски разузнавач Филип Инграм вели дека израелската Армија во Појасот Газа ќе се соочи со некои од најжестоките борци во светот, бидејќи Хамас ќе ги знае правците на израелските напади, ќе постави мини, ќе ги обезбеди најдобрите позиции на снајперите и ќе ја користи својата мрежа на тунели за напади.
„Постои ризик да паднат во многу опасна замка“, велат експертите.
4.) Хезболах – Израелските власти не можат да го свртат вниманието кон формациите поддржани од Иран активни во Сирија, Ирак, Јемен и Либан.
Хезболах, моќна милитантна група, разменува оган со израелската Армија преку либанската граница од 7. октомври и го предупреди Израел за неговиот план за копнена офанзива.
5.) Стратегија за излез – Бенјамин Нетанјаху во моментов нема план за тоа како и кога да ја напушти Газа. И ако Израел ги постигне своите стратешки цели, никој не знае какви групи може да се појават на местото на Хамас.