ПЕЧЕНИ КИСЕЛИ ПИПЕРКИ ГОТОВИ ЗА НЕЦЕЛ ЧАС: Повкусни се од обичните, а приготвувањето е ЕДНОСТАВНО и брзо, без КОНЗЕРВАТИВИ

Киселите пиперки се незаменлив дел од зимската храна, а секоја домаќинка има свој начин на подготовка, што ги прави посебни. Сепак, малкумина знаат дека печените, кисели пиперки имаат многу поубав и поинтензивен вкус , а она што е особено добро е што подготовката е многу едноставна и не бара многу време.

Состојки:

  • 1 кг пиперка
  • 3 лажици сол
  • 7 лажици шеќер
  • 2 литри оцет
  • 500 мл вода
  • 3 моркови
  • чешниња лук
  • копар

Подготовка:

Во тава пропржете ги пиперките, но кратко пропржете ги по околу половина минута од секоја страна. Не треба да се печат како за ајвар или салата. Потоа ставете ги во чинија и покријте ги со кеса или проѕирен филм. Кога ќе омекнат, излупете ги пиперките и извадете ги стеблата и семките. Исечете ги по желба, па ставете ги во тегли, а меѓу пиперките намачкајте ги крупно исечканите лук и моркови и сечканиот копар. Во тенџерето истурете оцет и вода, а потоа додадете шеќер и сол. Гответе додека не зоврие и истурете во теглите со пиперки. Затворете цврсто.