Пејачката во бунило и во солзи: Од Оземпек добив остеопороза

Американската пејачка Ејвери објави две видеа на социјалните мрежи во кои ги предупредува следбениците да „бидат внимателни“ со лекот „оземпик“.

Како што истакна таа,  луѓето  не треба сами да го користат оземпик , туку само ако е препишан од лекар.

Ејвори тврди дека и била дијагностицирана остеопороза по една година користење на Оземпик.

Во првото видео пејачката објасни дека отишла на лекар откако два месеци не користела оземпик за да провери дали нејзиното тело се опоравило.

Сепак, таа остана во шок откако и беше дијагностицирана остеопороза.

Остеопорозата е причина за слабеење и кршливост на коските до тој степен што дури и мал пад може да доведе до фрактура.

„Не ја очекував оваа дијагноза. Се чини дека оземпикот може да предизвика губење на коскената маса, а не мислев дека тоа ќе ми се случи бидејќи бев на него само една година“, вели Ејвори.

Таа додаде дека лекот не го добивала на рецепт, тврдејќи дека „денес е многу лесно да се набави“.

Таа додаде дека пати од пореметување во исхраната.

“Направив грешка. Ја прифаќам одговорноста за моите постапки. Ве молам да научите од моето искуство”, рекла Ејвори и додала дека ќе започне со лекување и ќе добие соодветна терапија.

„Ве молиме бидете внимателни со оземпик, освен ако не ви е медицински потребен“, предупреди таа.

Таа исто така појасни дека нејзината цел не е да го „демонизира“ оземпикот, туку да ги информира луѓето за можните последици од неговата неправилна употреба.