Фолк пејачката Анета Љумаковска екс „Молика“ е вистински моден камелеон. Нејзиниот стил доживеа огромна трансформација откако почна соло кариера, музички, а и во животот.
Нејзиниот стилски израз е доста поразличен од порано и навистина е инспирација за елегантен и женствен, но и за смел моден израз.
Анета не се плаши во својата петта животна деценија да менува и да експериментира, да носи тесни парчиња, светли комбинации и нови тренди фризури.
Неодамна таа беше ангажирана на свадба да ги развесели со својот вокал младите, а и гостите на една каде му пркосеше на свадбениот бон-тон и облече бел комплет.
Косата еднаш руса, еднаш кафена, права или кадрава, Ането е вистинска битолчанка која редовно сака да биде забележана и впечатлива.
Инаку, периодов ја гледаме со неколку различни музички состави кои настапуваат по свадби, а таа им е импресивното вокално засилување кое гордо го потенцираат.