„Пике ме изневеруваше додека татко ми беше на интензивна нега“ Шакира реши да го разоткрие фудбалрот до крај: „Сè дознав од медиумите“ (фото)
Шакира била во многу лоша состојба кога дознала дека поранешниот фудбалер на Барселона Жерар Пике ја „издал“ додека нејзиниот татко бил на интензивна нега.
„Тој дојде во Барселона да ме утеши откако ме обзеде тага поради раскинувањето“, изјави добитничката на Греми за „People en Español“ за нејзиниот татко Вилијам Мебарак Чадид.
Шакира објасни дека Чадид тешко се повредил при пад за време на првото причестување на нејзиниот син Милан.
„Сè се случи одеднаш“, се сеќава таа. „Домот ми се распаѓаше. Преку медиумите дознав дека ме изневерувал додека татко ми беше на интензивна нега“.
Шакира не можела да оди кај својот татко, кого го смета за нејзин најдобар пријател, за да ѝ даде совет кој ѝ бил толку потребен во тоа време.
„Човекот што најмногу го сакав во животот, татко ми, ме остави кога најмногу ми требаше“, вели таа.
Сега кога Чадид е на опоравување, пејачката ја пофали неговата издржливост – како и неговиот долгогодишен брак со нејзината мајка Нидија Рипол Торадо.
,,И двајцата беа одраз на тој сон кој мене не ми се оствари. Но, се надевам дека тие се пример за моите деца“, рекла Шакира и ги споменала синовите Милан (10) и Саша (8).
Добитничката на Греми роди момчиња во 2013 и 2015 година. Таа и 36-годишниот спортист заедно се грижат за децата откако објавија дека се разделуваат во јуни 2022 година, поради гласините дека Пике ја изневерил со помладата девојка Клара Чиа.