Пике проговори за врската со Шакира за прв пат по раскинувањето: Луѓето не знаат ни десет проценти од тоа што се случило
Откако Шакира и Жерар Пике објавија дека повеќе не се заедно, нивната разделба е една од најозборуваните теми веќе година и пол.
Оттогаш пејачката се изразуваше на многу различни начини, пред се преку нејзината музика. Песната со аргентинскиот продуцент Бизарапо е јасна порака до неговата поранешна и сегашна девојка Клара Чиа. Сепак, поранешниот шпански репрезентативец до сега не зборуваше за раскинување со Шакрија.
Сега Жерар Пике реши да го прекине молкот и да проговори за целата ситуација со својата поранешна партнерка.
Во разговор со Жорди Басте на каталонската радио станица „Rac1“, Шпанецот размислувал за се што се случило со колумбиската пејачка.
„Луѓето не знаат десет проценти од она што навистина се случило“, рече Пике за нивната врска, тврдејќи дека јавното мислење се заснова на информации кои во голема мера се невистинити.
„Кога би се грижел за сè што се зборува за мене, би бил затворен во мојот стан или би се фрлил од шести кат. Единствениот начин да се извлечам жив од ова е едноставно да игнорирам се“, додаде тој.
Понатаму, фудбалерот изјави и дека сега не размислува за ништо друго освен за врската со сегашната партнерка Клара Чиа, неговите професионални интереси и задржување на приватниот живот.
На крајот се што се случило по разделбата со Шакир го опиша како „циркус“, иако вели дека е свесен дека тоа е дел од неговиот живот бидејќи е јавна личност.