Писториус: Германија мора што поскоро да набави нови „Леопарди“

 – Германија мора што поскоро да нарача нови тенкови „Леопард“ за да ги заменат оние што ќе бидат испратени во Украина, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„За мене клучна работа е тоа што треба да нарачаме нови тенкови, не за една година, туку што порано, за да може да започне производството“, рече Писториус за време на посетата на тенковски баталјон во западниот град Аугусдорф, од каде 14 тенкови беа испратени во Киев.

Германскиот министер рече дека не е важно од каде ќе дојдат парите за набавка на нови тенкови.