Пијат каллива вода од улиците

Луѓето во Газа се гладни и жедни. Принудени се да пијат каллива вода од улиците.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки на кои се гледа како дете пие каллива вода од улиците.

„Што да јадеме?! Треба да јадеме трева?“, изјави еден Палестинец од северот на Газа.

Во Појасот Газа, речиси едно од десет деца на возраст под пет години сега е акутно неисхрането. Ова го покажуваат бројките на Обединетите нации. Мерењата на обемот на рацете на илјадници мали деца и доенчиња покажаа дека 9,6 отсто се акутно неисхранети, околу 12 пати повеќе од нивото пред војната, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA). Во северниот дел на Газа, стапката е 16,2 отсто, или секое шесто дете. Како што велат хуманитарните работници, камионите со храна редовно биле ограбувани во последните недели пред да стигнат до болниците.

Хамас на 7 октомври лани изврши напад на Израел, а потоа Израел почна операција во Газа за уништување на палестинската терористичка група.