Пластичен хирург го тужи Кристиано Роналдо: Португалецот отишол кај специјалист, а на крајот останал должен голема сума пари
Според британските медиуми, Кристијано Роналдо ќе мора да оди на суд бидејќи не ја платил сметката на пластичниот хирург.
Британскиот лекар Рошан Равиндран, попознат како Доктор Рош, е специјалист за ботокс, филери, нега на кожа и подигање трепки, а го тужеше Роналдо за долг од 50.000 евра.
„Судската постапка е во тек и како професионалец не сакам да зборувам за моите пациенти“, рекол докторот, а пренесува британски „Сан“.
Споменатиот таблоид наведува дека долгот настанал за време на вториот престој на Роналдо во Манчестер Јунајтед во периодот од август 2021 до ноември 2022 година.
Партнерката на Роналдо, Георгина Родригез не беше директно спомната, но хирургот рече дека работел за Роналдо и луѓето од неговото семејство.
„Д-р Рош е високо ценет, тивок експерт кога станува збор за третмани за врвни политичари, членови на кралското семејство, спортски ѕвезди и холивудски икони. Кога станува збор за процедури како ботокс и филери, д-р Рош е избор број еден. Неговата клиентела ја цени апсолутна дискреција, како и третмани од светска класа “, вели изворот на „Сан“.