Пловечки град кој треба да спаси 40 илјади луѓе во случај на елементарна непогода

Паметниот град е дизајниран да им обезбеди на своите жители напредна здравствена заштита, која вклучува телемедицина, како и напредни анализи на геномот и крвта на граѓаните.

Доген Сити, јапонски пловечки град, е концепт на N-Arc кој служи како пример за целосно самоодржливи, паметни градови на иднината кои би можеле да им помогнат на луѓето во случај на природни катастрофи.

Во град со пречник од четири километри би живееле 10.000 луѓе, а тој би можел да прими до 30.000 посетители. Кружниот облик на градот не е случаен – тој е дизајниран да издржи лоши временски услови, вклучително и цунами.

Паметниот град е дизајниран да им обезбеди на своите жители напредна здравствена заштита, која вклучува телемедицина, како и напредни анализи на геномот и крвта на граѓаните. Соларни панели, турбини на ветер, водоводни цевки кои ја прочистуваат и рециклираат отпадната вода се некои од иновациите што ќе обезбедат градот целосно да се одржува самостоен.

Во станбениот прстен во Доген би имало куќи, како и паркови, зелени површини, капацитети за производство на храна, училишта, спортски терени, болници, стадиони, хотели и канцеларии. Мрежата на автономни електрични возила би го намалила метежот на патиштата, како и загадувањето на животната средина. Благодарение на неговиот модуларен дизајн, Доген може да расте, заедно со неговата популација.

Сè уште не е познато каде ќе се наоѓа Доген, но во случај концептот да почне да се претвора во реалност, ќе дознаеме наскоро.