Далмација, делот од крајбрежна Хрватска ја зафати силно невреме.
Комбинацијата на плима, со силен ветер ги поплавија крајбрежните делови, а проблеми има во градовите Сплит, Ријека, Задар, Шибеник… а на места брановите достигнуваат и до 10 метри височина.
Во Сплит се најсилните ветрови кои дуваат и околу 100 километри на час, а хидрометеролизите предупредуваат дека се можни ветрови и со брзина од 120 километри на час.
Видео снимка од тој град покажува како брановите поместуваат цели автомобили, а големи штети се предизвикани и во други населени места.