ПМФЛ: Академија Пандев останува прволигаш, Скопје во баражот за опстанок

– Претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) попладнево донесе разврска на дното на табелата, откако Академија Пандев освои бод доволен да го обезбеди прволигашкиот статус, додека, Скопје ќе игра во баражот за опстанок против градскиот ривал Вардар.

Новиот шампион Струга во рамки на комплетното 32. коло триумфираше на гостински терен над тетовска Шкендија, додека Шкупи забележа убедлива победа на домашен терен против Македонија ЃП.

Резултати:

Брегалница – Академија Пандев 1-1

Шкендија – Струга 1-2

Шкупи – Македонија ЃП 3-0

Силекс – Работнички 2-0

Тиквеш – Скопје 4-0

Табела: Струга 65, Шкупи 58, Шкендија 54, Силекс 47, Македонија ЃП 39, Брегалница 38, Тиквеш 37, Работнички 37, Академија Пандев 27, Скопје 22, Победа 13.