ПМФЛ: Прв пораз за Брера Струмица, Шкендија продолжува со максимален ефект

Екипата на Брегалница попладнево во Штип и го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички со голови постигнати во судиското надополнување.

Резултати:
Брегалница – АП Брера Струмица 1:0
Работнички – Шкендија 1:2
Шкупи – Гостивар 3:1
Силекс – Македонија ЃП 2:2
Тиквеш – Воска 1:1

Натпреварот Струга ТЛ – Вардар е одложен поради учеството на стружани во плејофот за Конференциската лига на УЕФА.

Табела: Шкендија 12 бодови, Брера 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска 4, Струга ТЛ 3, Гостивар 3, Вардар 1.