Побарав од синот на мажот да ми биде донор на сперма: Денеска не смеам да ѝ кажам на ќерка ми дека нејзиниот брат всушност е нејзиниот татко! Очајна сум! (фото)

Една жена анонимно побарала помош за да открие голема тајна. Сакала да и’ каже на ќерката дека нејзиниот „полубрат“ е всушност нејзиниот татко, откако 30 години ја криела вистината од неа.

Секое семејство има свои посебни карактеристики, некои тајни, но најчесто овие специфичности не се посебна причина за загриженост.

Меѓутоа, одвреме-навреме се среќаваме со неверојатни семејни приказни, како на пример оваа исповед на жена која предизвика целосен ,,метеж” во јавноста кога откри дека постариот „полубрат“ на нејзината ќерка е всушност нејзиниот биолошки татко.

Во рубриката „The Atlantic Dear Therapist”, жената објаснила како нејзиниот сопруг имал две деца со друга жена пред да се сретнат. Откако се венчале, таа и нејзиниот сопруг се обиделе да имаат свое дете, но тоа не успеало бидејќи вазектомијата на нејзиниот сопруг повеќе не можела да се врати назад.

Таа побара од синот на нејзиниот сопруг да и’ биде донатор на сперма

За да се уверат дека нивното дете личи на нив, дошле до неортодоксно решение и три децении ја чувале во тајност вистинската вистина за зачнувањето на нивната ќерка.

– Не сакавме да користиме банка за сперма, па го замоливме синот на мојот сопруг да биде донатор.

Сметавме дека тоа е најдобрата одлука: нашето дете ќе ги има гените на мојот сопруг и знаевме за здравјето, личноста и интелигенцијата на мојот посинок. Тој се согласи да помогне. Нашата ќерка сега има 30 години.

Како да и” кажеме дека: татко и’ и е дедо, брат и’ и е татко, сестра и’ и е тетка ? – напишала очајна жена во анонимно писмо.

Таа објасни како таа и нејзиниот сопруг биле „вознемирени, збунети и загрижени“ што да и’ кажат на својата ќерка, не знаејќи како таа ќе реагира на вистината.

– Ова е тешко и за мојот сопруг, бидејќи сака нашата ќерка да знае дека тој секогаш и засекогаш ќе и’ биде татко – додаде таа.

Како одговор, колумнистката Лори Готлиб, која е лиценциран психотерапевт, ѝ рекла на мајката да седне со нејзината ќерка и „да ги каже фактите што е можно поедноставно и јасно“ пред да и’ се извини.

Повикувајќи ја да ја „преземе целосната одговорност“ што ја криела вистината од неа 30 години, Готлиб вели дека треба да и’ дозволи на нејзината ќерка да доминира во разговорот.

Таа, исто така, ја повика прво да разговара со нејзиниот „брат“ за тој да не биде заслепен од нејзината реакција.

Готлиб ја потсети дека тоа не е лесен разговор за сите вклучени – но дека е исклучително важно таа да ја знае вистината.