Побарале 80.000 евра, па му го запалиле автомобилот на скопјанец

Триесет и тригодишен маж синоќа пријавил во полиција дека ден претходно му биле испратени заканувачки пораки од телефонски број на познато лице, кое му барало 80.000 евра. Потоа пријавил во полиција дека му изгорел автомобилот.

„Подоцна во 00:40 часот на 21.06.2024 година, неговиот сосед го известил дека му е опожарено автомобилот „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред неговата куќа“, велат од МВР.

„Пожарот е изгаснат и нема повредени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.