Сепаратистички кандидат денеска е избран во Нова Каледонија, додека левицата победи во Гвајана, Мартиник и Гвадалупе, на парламентарните избори во француските прекуморски територии, каде што е поразена крајната десница.
Емануел Џибау денеска стана првиот сепаратистички пратеник избран од 1986 година во Нова Каледонија, архипелаг на Јужен Пацифик.
Џибау (48), кој е нов во политиката, победи со 57,44 отсто од гласовите. Новиот пратеник ќе седне во парламентот со пратениците поддржани од левичарската коалиција Нов народен фронт.
Кандидатите на левицата беа избрани за пратеници во четири изборни единици во Гвадалупе, каде што ги победија кандидатите на крајната десница.
Вториот круг од парламентарните избори во француските прекуморски територии се одржа вчера, а денеска се гласа во централна Франција.