,,Победивме во Курск!” Путин воодушевен од напредокот на руските сили: „Нашите војници изведоа серија брзи и успешни операции“ (ФОТО)

Владимир Путин рече дека руските сили „целосно ги победуваат“ украинските сили во Курск.

Киев испрати свои војници во руската област Курск во август минатата година со цел да го одвлече вниманието на руските сили од источна Украина и да добие предност во преговорите во идните разговори.

x ЕПА Руското Министерство за одбрана Hando.jpg

Русија постигна значителни територијални придобивки во регионот во последните недели, а геолокацираните снимки покажуваат дека украинското упориште е на работ на уништување.

„Нашите војници неодамна изведоа серија брзи, прилично смели и успешни операции и го комплетираат поразот на непријателската група војници во регионот Курск“, рече Путин.