Победничката на Евровизија се соблече топлес со другарките, а потоа страсно бакна една од нив пред сите!

Викторија Де Анџелис од бендот Манескин е снимена на плажа на Ибица каде таа и нејзините пријатели приредија шоу за сите присутни.

Басистката на популарниот италијански бенд Манескин , Викторија Де Анџелис , ужива во заслужениот одмор на Ибица, каде не можеше да ги избегне папараците.

На одморот и се придружија пријателите со кои приредија вистинско шоу за сите на плажа. Покрај тоа што сите се соблекоа топлес, Викторија разменила страсни бакнежи со еден од нив во морето.

Не е познато која е девојката со која се бакнувала, но од фотографиите кои можете да ги видите во галеријата изгледа дека со неа има нешто повеќе од пријателство.

На Викторија не и е непозната голотијата и има еден куп разголени фотографии на Инстаграм, а често настапува и полугола.

Друг член на Манескин, гитаристот Томас Раџи , се забавуваше со девојките на Ибица, додека ѕвездата на бендот, пејачот Дамијано Дејвид , овој пат не беше присутен.

За потсетување, групата Манескин победи на Евросонг во 2021 година со песната „Zitti E Buoni“ и оттогаш нивната популарност не престанува да расте.