Повеќето луѓе погрешно го пржат кромидот: На овој начин ќе ги зачувате сите негови корисни состојки

Кромидот е многу здрав зеленчук – затоа е важно да го подготвите на вистински начин

Кромидот е една од најздравите намирници која е богата со состојки кои се одговорни за нормално и добро функционирање на организмот. Има и бројни здравствени придобивки како што се зајакнување на имунитетот, нормална работа на срцето, третман на респираторни инфекции и многу други.

Но, дали знаевте како правилно да го подготвите?

Имено, нутриционист по име Мумал Асиф открил генијален трик за негова подготовка. Тој рече дека само две минути пржење кромид уништува бројни здравствени придобивки.

А најголемиот виновник е токму топлината која лошо влијае на алицинот, состојката која се наоѓа во кромидот и која е најзаслужна за неговите лековити ефекти.

 

– Ве советувам да почекате 10 минути откако ќе го исецкате кромидот . За тоа време ќе се создаде максимално количество алицин кој ќе остане речиси недопрен при пржењето – објасни овој нутриционист.

А освен алицин, кромидот содржи и бројни витамини и минерали кои му се неопходни на организмот, како што се цинк, фосфор, магнезиум, фолна киселина, тиамин и витамини Ц и К.