Повеќе калциум, а помалку железо за жените во менопауза

Менопаузата, којашто обично се јавува на возраст од 45 до 56 години, носи бројни промени во телото поради намалувањето на естрогенот. Меѓу нив се и оние поврзани со исхраната.

Истражувањата покажуваат дека на жените во менопауза им треба повеќе калциум, а помалку железо отколку претходно.

По 51 година, препорачаниот дневен внос на калциум се зголемува од 1.000 на 1.200 милиграми. Идеално, ова доаѓа од исхраната, а додатоците може да се користат за да се пополнат сите недостатоци. Калциумот е клучен за зајакнување на коските бидејќи менопаузата го забрзува губењето на коскената маса, зголемувајќи ја опасноста од остеопороза.

Покрај калциумот, витаминот Д има клучна улога во вносот на овој минерал. Без доволно витамин Д, телото не може делотворно да го искористи калциумот што го внесува. Препорачаната дневна доза на витамин Д е 600 единици, а тестовите на крвта можат да откријат други можни недостатоци.

Препорачаната дневна доза на железо во овој период од животот е осум милиграми, што лесно се постигнува преку исхрана, на пример со грав, спанаќ или говедско месо. Многу важен е и внесот на протеини и влакна за време на менопаузата. Овие хранливи материи го одржуваат општото здравје, вклучувајќи и варење и зачувување на мускулната маса.