Повеќе од три милиони прегледи: Ја замоли баба му да му го придржи цвеќето, сите зборуваат за неговиот потег
Канадскиот тиктокер Нениб Јукана на својот профил редовно објавува вирални содржини кои собираат милиони прегледи, а неодамна објави и видео кое многумина ги расплака.
Тиктокер и пријде на една старица која седеше на клупа и ја замоли да му ги држи цвеќињата додека тој ги врзува врвките од чевлите. Потоа ја прашал како и поминува денот, на што старицата одговорила: „Со оглед на тоа дека имам 80-ти, добро сум“.
„Изгледаш толку млада“, ѝ рекол, а старицата се заблагодарила и рекла: „Ти ме направи среќна“. Но, неговиот следен потег ја остави без зборови.
„Добро, ти посакувам убав ден“, рече тој стоејќи и потоа се оддалечи од старицата која сè уште го држеше букетот во рацете, а нејзиниот израз кажуваше се.
Видеото собра 3,3 милиони прегледи и повеќе од половина милион лајкови.
„Таа повторно стана девојка во тој момент“, напиша еден TikToker, додека друг додаде: „Нејзината насмевка е сè“.
„Ова ме расплака“, напиша трет, а четврти додаде: „Ова видео ми го разубави денот“.
Се надеваме дека и вас.
@neenib Her REACTION was THE BEST 🥺❤️ #kindness #love #stranger #money #fyp #viral #rose #CapCut ♬ original sound – Neenib Youkana