ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ДОКТОРИ ИСПРАТИЈА ПИСМО ДО ЏО БАЈДЕН – Тие бараат само едно од претседателот на САД

Повеќе од 1.300 доктори и медицински работници заедно со MedGlobal, невладина организација која обезбедува здравствена помош ширум светот, испратија писмо до претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, и членовите на Конгресот во кое ги повикаа американските власти да инсистираат на прекин на огнот во Појасот Газа.

Тие, исто така, побараа ослободување на затворениците во Појасот Газа и зголемување на медицинската и хуманитарната помош во енклавата, пренесуваат странските медиуми.

Во писмото се истакнува потребата од чиста вода, медицинска помош за 2,3 милиони цивили и ги повикува лидерите да извршат притисок врз Египет и Израел да ги отворат сите гранични премини за дистрибуција на помошта.

Докторите во Појасот Газа даваат се од себе и презедоа голем ризик да спасат што повеќе животи и покрај болката и опасноста. Политичарите треба да го сфатат ова како јасен знак дека трајниот прекин на огнот не е поврзан со политиката, туку со човековите права“, изјави д-р. Захер Сахлул, претседател на групата MedGlobal.